Се враќа евтината тарифа на струјата

Сподели

 

Се она што пред шест – седум години на исти вакви трибини низ државата, го планиравме, прогнозиравме и ветувавме, денеска како носител на државните инситуции, го остваруваме, порача претседателот на Комисијата за енергетик на СДСМ, Митко Андреевски на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ одржана во Скопје.

– Пред неколку години зборувавме за македонска енергија од македонско сонце и денес тоа е реалност. Видливи се резултатите, и со право сме горди што направивме и се уште го правиме во делот на зелената транзиција. Денес имаме домашна берза и секој еден може да учествува во енергетскиот бизнис, а до 2017 година тоа можеа да го прават само привилегирани до тогашната влада. Зголеменото домашно производство отвора можност повторно да ја вратиме евтината дневна тарифа на струјата, порача Андреевски, додавајќи дека Програмата за делот енергетика за следните избори ќе започне да се подготвува наскоро, а како дел од конкретните заложби ќе биде формирање на Министерство за енергетика.

Нерашевањето на проблемот со парното греење во кризна година можеше да направи домино ефект и нарушување на целиот енергетски сектор во државата и да го доведе во колапс, затоа Владата дејствуваше брзо и ефикасно и со преземање на системот за парно греење успеавме да спречиме колапс на енергетскиот сектор, истака членот на Комисијата за енергетика на СДСМ Гоце Трпчевски додавајќи дека намалувањето на ДДВ за парно греење позитивно влијаеше врз буџетите на граѓаните.

Тој посочи дека денес во Скопје има 66.500 домаќинства и компании кои се приклуќени на мрежата на парно, што е за околу 1.000 субјекти повеќе во однос на минатата грејна сезона.