Бизнисменот Сеад Кочан утрово беше во Специјалното јавно обвинителство, пренесе Нова ТВ.
Придружуван од неговиот адвокат, Никола Додевски, првосомничениот во случајот „Труст“ за прв пат се појави во СЈО.
По излегувањето на прашањето „Каде бевте на службен пат?“, Кочан не одговори ништо.
Од СЈО за Тв 21 потврдија дека Кочан и неговиот адвокат Додевски, побарале увид во доказите и го добиле во електронска форма.
Исто така од СЈО информираа дека дополнително ќе биде утврден датум, кога Кочан ќе даде исказ како првоосомничен во предметот „Труст“.