Сеизмолозите повторно се обратија до одговорните институции да ги слушнат проблемите и да се обидат да ги решат за Опсерваторијата да почне да функционира како сите национални сеизмолошки центри во регионот и пошироко.
Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ работи со 3 сеизмолози, во поприлично катастрофални услови, изјави д-р Драгана Черних, раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје.
Черних изјави дека последната реконструкција на објектот е направена во 1997 година, иако по барањето за нова реконструкција која е поднесена во 2019 година, одговорот беше дека се нема доволно средства за реновирање.
Сеизмолошката опсерваторија е без централно греење, влагата и мувлата се декор на ѕидовите, и документите постари од три века се незаштитени во вакви услови. Се работи со застарени машини и апаратура.
Доколку државата во најбрз рок не ја санира моменталната состојба во опсерваторијата, може да се случи катастрофа со непроценлива штета, соопштуваат вработените.