Сеизмолошката служба слави 64 години од своето постоење

Сподели

 

Почетоците на самостојна сеизмолошка служба во нашата земја датираат од 1.јули, 1957 година, кога е формирана Сеизмолошката станица во Скопје, како установа при Универзитетот во Скопје, основана на предлог на македонската влада.
 
 
 
 
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно со „Законот за учество на Републиката во финансирањето на сеизмолошката и инженерско-сеизмолошката дејност“ (Службен весник на СРМ, од 1983 година), е единствена институција во Република Северна Македонија која е задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа во земјава, постојано да извршува набљудување и научна анализа на целокупната сеизмичка активност на територијата на Републиката и на пограничните подрачја.
 
 
 
 
 
Функционирањето на Сеизмолошката опсерваторија е од големо значење зашто регионот е сеизмички активно подрачје, во кое често се случуваат слаби и умерено силни и силни земјотреси.
 
 
Опсерваторијата има телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Скопје, Охрид, Валандово, Пехчево, Штип, како и сеизмолошки станици на акумулациите Козјак, Кнежево и Отовица, каде што се следи индуцираната сеизмичност.
 
Сеизмолошката опсерваторија постојано се обновува својата инструменталната опременост која започнува со механичките сеизмографи MAINKA, преку втората генерација електромагнетни сеизмометри инстументи со галванометриска регистрација до најновите дигитални инстументи кои се телеметриски поврзани а податоците ги прави видливи за сеизмолошките институции од целиот свет. Со најновите инструменти се овозможува регистрација и на најслабите земјореси со магнитуда блиску до нула како и брза информирање на јавноста во случај на почувствуван земјотрес.
 
 
 
 
Во извршувањето на својата сеизмолошка служба, Опсерваторијата своите секојдневи извештаи ги доставува до Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, European-Mediterranean Seismological Centre CSEM-EMSC, во Франција.
 
 
 
 
Опсерваторијата учествува во многу меѓународни научно-истражувачки проекти и апликации а има свои научни изданија.