Секое прекршување на законот и злоупотреба на позицијата за лични профити ќе се третираат со соодветна сериозност

Сподели

Министерството за економија и труд изразува целосна подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата која се случи во Кочани.

Министерството ќе обезбеди целосна поддршка во сите законски постапки, осигурувајќи дека секоја прекршување на законот и злоупотреба на позицијата за лични профити ќе се третираат со соодветна сериозност.

Граѓаните имаат право да бидат информирани на вистински начин и да побараат отчетност. Министерството за економија и труд е посветено на гарантирање дека законот ќе се почитува и правдата ќе биде воспоставена.