Селами: Се чудам зошто Македонците ги повикуваат Македонците да не се попишат

Сподели

 

Што е лошо во тоа да повикувате граѓани да го почитуваат законот? Јас не се чудам зошто Албанците повикуваат да се попишуваат Албанците, туку се чудам зошто Македонците повикуваат да не се попишуваат Македонците? Што е целта, што е намерата, да не се попишуваат, да направиме деформирани бројки?, вели заменик директорот на Државниот завод за статистика Иљми Селами во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето дали пописот добива друга „боја“, со повикувањето до Албанците да се попишат од страна на албанскиот премиер Еди Рама и на косовскиот Албин Курти по средбите со македонскиот вицепремиер Артан Груби.

Селами жали што политичарите се вмешуваат за да протуркаат партиски агенди и порачува дека ако не се одржи пописот, губат сите.

Овој однос на попис е однос меѓу Заводот за статистика и граѓаните. Ние им се обраќаме на нив, ние им тропаме на врата на граѓаните, граѓаните ни отвораат врата, граѓаните ни даваат податоци, ние завршуваме со пописот и тоа е тоа. Постигнат е ефектот, пописот е направен. Со ова сакам да кажам дека политичките агенди за жал на Балканот никогаш не престанувале, не престануваат и нема никогаш да престанат. Впрочем тоа и во оваа целосна ненормалност можеби е и нормално поради тоа што на политичките партии тоа им е работа, да најдат агенда, да најдат теми и таму каде што ги нема. Треба да сфатиме сите, јас жалам што не сфаќаат политичките партии дека ако не се одржи пописот губат сите.

Целото интервју може да се види во видеото тука.