СЕММ со осуда за нападот на екипата на НОВА ТВ

Сподели

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува денешниот инцидент по информациите дека екипа на НОВА ТВ била нападната и попречена да го следи собирањето потписи против наводната изградба на мигрантски кампови во населбата Аеродром од страна на лице кое присустувало на настанот.

СЕММ повикува да се преземат неопходни мерки за расчистување на ваквите настани, особено кога новинарот е физички и вербално нападнат и спречен да информира за теми од широк јавен интерес.

Безбедноста на новинарите мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.

Потсетуваме дека ваквата одговорност произлегува и од препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа околу заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери.