Серија земјотреси регистрирани утрово во Гостиварско

Сподели

 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово регистрира серија земјотреси со епицентри 50 километри југозападно од Скопје, на 16 километри југозападно од Гостивар.

Според Сеизмолошката опсерваторија, биле почувствувани пет земјотреси:

  • во 01:36 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.5 и интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка скала,

  • во 02:29 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.2 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала,

  • во 02:48 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала,

  • во 03:39 часот со локална Рихтерова магнитуда 2.6 и интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка скала и 

  • во 07:44 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.7 и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка скала.