Од Центарот за објавување вести на АА на македонски и АА на албански јазик, во изминатата година беа објавени над 24.910 вести, над 13.000 фото галерии и над 5.860 видеозаписи
СКОПЈЕ (АА) – Пред точно една година, на 9 ноември 2015 година, со седиште во Скопје, Anadolu Agency (AA) отвори сервис на македонски јазик, од каде што се објавуваат вестите и на албански јазик.
Во изминатата година, сервисот на АА на македонски и АА на албански јазик објавуваше вести од сите страни од светот.
Од Центарот за објавување вести на АА на македонски и АА на албански јазик, во изминатата година беа објавени над 24.910 вести, над 13.000 фото галерии и над 5.860 видеозаписи.
Дневно, од канцеларијата на АА во Скопје се објавуваат околу 110 вести, проследени со фото и видеосодржини.
Особено сервисите на АА на македонски и албански јазик беа извор на вести за време на неуспешниот обид за државен удар, извршен од страна на терористичката организација ФЕТО.
Новинската агенција Anadolu Agency (AA) има историја долга над девет децении.
Целта на Anadolu Agency е до 100-годишнината од своето постоење и работа да објавува вести на 11 светски јазици. Моментално, АА објавува вести на турски, англиски, арапски, персиски, БХС (босански, српски, хрватски), руски, курдски, француски, албански и македонски јазик.