Северна Кореја и се закани на САД со нуклеарен напад во случај на провокација

Сподели

north-korea-nuclear-threat

Северна Кореја е подготвена да изврши превентивен напад врз САД во случај на провокации во Азиско-пацифичкиот регион, јави ТАСС, цитирајќи соопштение на севернокорејската државна агенција КЦТА.

„Правото на извршување превентивен напад не е монопол на САД. Оперативната единица на Корејската народна армија е подготвена да изврши напади врз непријателот во случај и на најмала провокација“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Пјонгјанг смета дека одлуката на Јужна Кореја да распореди на своја територија батерии од американскиот зенитен ракетен комплекс ТААД и префрлањето на островот Гуам на американските стратешки бомбардери Б-2 Спирит, способни да извршат нуклеарни напади, е дел од планот за вооружена инвазија во Северна Кореја.

meta.mk