Република Северна Македонија и официјално станува членка на најголемиот воено безбедносен сојуз- НАТО сојузот.
И во време кога цел свет се соочува и бори со Корона вирусот, шпанскиот сенат успеа да овозможи ратификација на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО.
Конечно се реализира тридецениската заложба на генерации наши граѓани. Нашата татковина рамноправна, рамо до рамо со најголемите светски сили во светот- 30 земја членка на НАТО сојузот.
Нашето знаме гордо ќе се вее пред седиштето на НАТО, седнуваме на иста маса со развиенот западен свет, нашиот глас еднакво важен и почитуван со гласовите на најмоќните држави.
Сите ние, сите граѓани сме сведоци на испишување на новата историја на нашата држава!
Членството во НАТО значи безбедност, сигурни граници, но значи и економски напредок, развој, подобар животен стандард на граѓаните, странски инвестиции и пристап до пазар вреден 4 милијарди евра годишно.
Една од двете стратешки цели на претходните,но и сегашните генерации наши граѓани за само 2.5 години е остварена, ова е само дополнителен мотив да продолжиме уште попосветено во остварување и на другата стратешка цел – прво преговори, па членство во ЕУ.
На сите земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот,а особено на Шпанија за ратификацијата во невообичаени отежнати околности им упатуваме голема благодарност,за вербата во нас и можноста да бидеме дел од големото семејство.
Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност.
Ставајќи го јавното здравје како врвен приоритет, убедени сме дека после се, ќе се издигнеме и ќе ги реализираме и другите поставени цели насочени кон проспериотет и напредок на државата.
СДСМ