Во НБА лигата се одигра првиот натпревар од големото финале.
Во Оукленд домашниот тим на актуелниот шампион Голден Стејт славеше победа против Кливленд со 104-89 и поведе со 1-0 во победи.
Ова воедно е „реприза“ на ланското финале во кое Голден Стејт славеше со 4-2 и по 40 години стана НБА шампион.
Натпреварот беше во знак на играчите од клупата на Голден Стејт кои постигна 45 поени, наспроти таа на Кливленд која имаше само 10 коша.
Шон Ливингстон кај Голден Стејт реализираше 20 поени, а Дрејмонд Грин имаше 16 поени и 11 скокови. Стеф Кари и Томсон постигнаа по 11 односно 9 поени.
Кај Кливленд најефикасен беше Кајри Ирвинг со 26 поени, а Леброн Џејмс имаше 23 поени, 12 скока и 9 асистенции, додека Кевин Лав постигна 17 поени.
Натпреварот број 2 се игра на 5. јуни в недела навечер каде Голден Стејт повторно е домаќин.
За потсетување финалната серија се игра по системот 2-3-2.
The post Шампионот го доби првиот натпревар од НБА финалето, Г.Стејт славеше со 104-89 против Кавси! appeared first on Спорти.
Source: Sporty