Силниот дожд не ги спречи учесниците во Шарената револуција да излезат на најавениот протест во Скопје, кој започна во 19 часот пред СЈО. Протестот се одржува под мотото „Правдата е Устав, СЈО е правда“, како што пишува на платното што пред себе го носат демонстрантите движејќи се кон Владата.
Тие и денеска го повторија барањето Уставниот суд да ја потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство, појасувајќи дека заштитата на СЈО е гаранција за правда во Македонија.
На протест денеска повика и здружението „Го сакам ГТЦ” од каде порачаа дека „Скопје 2014“ може да се спречи само ако падне оваа влада.