„Шарената револуција“ најавува масовен протест в понеделник во 19 часот

Сподели

84245_skoplje_f

„Шарената револуција“ ги повика сите слободоумни граѓани в понеделник, во 19 часот, на масовен протест пред Специјалното јавно обвинителство, бидејќи, како што велат, имаат обврска да го спасат СЈО од прангите на криминалците на власт.

„На оваа корумпирана и криминална власт ѝ дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побргу да избегаат од правдата. Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. По денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту на следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме“, велат од „Шарената револуција“.

Оттаму велат дека иако прогонот врз демонстрантите продолжува, граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце бидејќи институциите што треба да ги бранат граѓаните, всушност, го бранат само криминалот на владејачката партија.

„Шарената револуција“ најавува масовен протест в понеделник во 19 часот