Шарената револуција закажа нов протест за утре, понеделник во Скопје, во 19 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство.
Овој протест е против одлуката на Владата да се задолжи кај комерцијалните банки со еврообврзница од 650 милиони евра.
„Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците“, пишува на страницата на „Шарената револуција“.