Шекеринска: Никој не е заштитен и никој не ја попречува истрагата – Законот мора да важи за сите!

Сподели

 

“Случајот „Рекет“ покажа колку повеќе ништо не е исто, бидејќи пред 3 години граѓаните шепотеа за наводи за рекет и се плашеа гласно да зборуваат, а камоли да соопштат во јавноста” – изјави денеска заменик-премиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

-” Сега покажавме дека кога ќе има таков навод институциите моментно реагираат. Никој не е заштитен и никој не ја попречува истрагата. Од сите изјави од претставници на сите институции, особено од претставници на Владата добивте иста порака: Законот мора да важи за сите. Никој никогаш нема да биде заштитен ако го прекршил законот. Затоа ја поддржавме истрагата, затоа побаравме органите тоа што треба да го направат постојано да ја информираат јавноста и затоа повикуваме да не се сведе истрагата, односно дискусијата на инсинуации и дисквалификации. Сите ние сме отворени пред јавноста, -изјави Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање за случајот „Рекет“ во врска со дел од написите во кои се спомнуваат имиња на функционери на СДСМ, меѓу кои некаде и нејзиното.