Шилегов: Позади Арсовска стојат луѓето кои купуваа плацови на Водно и го обезличија Скопје

Сподели

 

Градоначалникот Петре Шилегов во своето последно обраќање пред жителите на Карпош ја побара поддршката за вториот круг нагласувајќи дека граѓаните се силата која на изборите ќе одлучи дали Скопје ќе продолжи напред.

 

– Во недела вие одлучувате дали ќе ја продолжите скопската успешна приказна или ќе оставите нашето Скопје да го водат истите оние луѓе кои до пред само 4 години го обезличија градот заради своите криминални планови, потенцираше Шилегов.

– Тоа се истите луѓе кои ги тепаа студентите по архитектура, кои организираа по 3 прегласувања во Центар, гасеа лифтови, го уценуваа и апсеа претседателот на Советот на Општина Центар, за да можат да ги купат становите и плацовите на Водно за Груевски, нагласи Шилегов потсетувајќи на денешното судење за случајот „Плацови на Водно“.

– Тоа се истите луѓе кои користат исти методи, кои безочно лажат и бегаат на првата кривина од новинарски прашања, од дебати, од граѓаните, од било кое место каде што нивните лаги можат да бидат разобличени. Скопје не смее да падне во рацете на Данела Арсовска и нејзиниот ментор Груевски, повика градоначалникот Шилегов потсетувајќи дека неговата противкандидатка бега од телевизиски дебати и соочувања криејќи ја вистината за своето минато и плашејќи се од разобличување на пласираните лаги на Арсовска и најкорумпираната партија во Европа, како што ја нарече ВМРО-ДПМНЕ.

Локални избори 2021, Петре Шилегов