Шлаканица и пцости на доделувањето на Оскарите

Сподели

 

Скандалот со шлаканицата и пцости, ќе остави печат на овогодишниот избор за Оскар.

Причина за ова беше што водителот Крис Рок се пошегува на сметка на физичкиот изглед на сопругата на Смит и рече дека Џејда Пинкет – Смит, може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел, затоа што нема коса. Инаку, Џејда Пинкет Смит е без коса, поради алопеција (здравствена состојба на губење на косата).

И публиката остана збунета, не знаејќи дали станува збор за глума, шега или за вистина, сè додека не сфатија дека Вил Смит е сериозно испровоциран од зборовите на Крис Рок.

 

Вил Смит продолжи со пцовки кон колегата велејќи да престане да го изговара името на неговата сопруга.

Потоа, во говорот за прифаќање на „Оскарот“ за најдобар актер во главна улога, Вил Смит рече: „Љубовта ќе ве натера да правите луди работи,“ алудирајќи на инцидентот што се случи кратко пред тоа, кога му удри шлаканица на водителот Крис Рок.

Вил Смит нагласи дека негова должност е да ги заштити оние што ги сака, откако му ја врачија златната статуетка за улогата во „Крал Ричард“ каде го глуми таткото на тениските легенди Венус и Серена Вилијамс.

„Сакам да се извинам на Академијата и на номинираните, ова е прекрасен момент и не плачам затоа што ја добив наградата. Уметноста го имитира животот, сега изгледам како тој „лудиот татко”. Но, поради љубов луѓето прават луди работи. Многу работи се многу комплицирани за мене, но – ви благодарам за оваа чест, на овој момент, ви благодарам во името на Ричард и во име на целото семејство Вилијамс”, кажа Смит во својот говор.