Најдобриот тенисер на светот Новак Џоковиќ проговори за својата најголема неостварена желба во кариерата.
Српскиот ас призна дека неговиот сон е да освои златен медал на Олимписките игри и дека ќе стори се за да го направи тоа ова лето во Токио.
Новак од Олимписките игри има еден бронзен медал од Пекинг во 2008 година.
“Секако, тоа е еден од моите соништа. Не сакам да бидам неблагодарен за освојувањето бронза, тоа исто така е успех … Играв и во полуфиналето во Лондон, загубив, а потоа и за трето место”, вели Џоковиќ, откривајќи дека игра со посебен жар кога ја претставува својата земја:
“Секогаш наоѓам дополнителна мотивација да дадам се од себе за да ја претставам мојата земја. Особено на Олимписките игри, сите знаеме дека тоа е најголемиот спортски настан”.
Олимписките игри во Токио започнуваат на 23 јули оваа година.
The post Си ја отвори душата – Новак Џоковиќ ни го откри својот најголем сон во кариерата! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico