Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска ќе престојува во работна посета на РС Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во фокус на разговорите ќе бидат нашиот пристапен процес во ЕУ, билатералните односи во контекст на економската соработка и партнерството во рамки на меѓународните организации, како и други актуелни надворешно-политички теми.