Силна експлозија одекна денеска попладне во прометна пешачка улица во центарот на Истанбул, пренесуваат турските медиуми, кои додаваат дека има мртви и повредени.
Експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога во таа улица имало многу луѓе, пренесе турската телевизија НТВ.
Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја на Твитер напиша дека има мртви и повредени, но засега не се знае точниот број.
#SONDAKİKA – İstiklal Caddesi'nde patlama… Çok sayıda yaralı olduğu belirtiliyor. Caddede panik yaşanırken, olay yerine çok sayıda polis, itfaiye ve sağlık ekibi sevk edildi. pic.twitter.com/sZR7W7Wsdn
— Habertürk TV (@HaberturkTV) November 13, 2022
Засега не е позната причината на експлозијата.
На видеоснимките на социјалните мрежи се гледа пламен и пешаци кои бегаат, како и возила на итна помош и полиција.
Турскиот огранок на американската телевизија Си Ен Ен во првиот извештај од лице место објави дека има 11 повредени и дека улицата е популарна меѓу туристите и локалното население, зашто во неа има низа продавници и ресторани.
Турција беше мета на бомбашки напади меѓу 2015 и 2017 година од џихадисти од Исламската држава и од забранетите курдски организации./РСЕ