Вечерва во 20 часот во скопското кино „Милениум“ на 15. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс 2016“ меѓу другото е и најновото остварување на Педро Алмодовар – „Хулиета“, потоа музичкиот документарен филм посветен на Милан Младеновиќ, една од најголемите рок-икони во ексју-музиката.
Денеска е и презентација на потпрограмана „Медија“ на Креативна Европа и работилница со Арне Колвајер, а завршуваме со концерт на Russian Circles & Helen Money.
Најновиот филм на Алмодовар „Хулиета“ по Кан сега е во трката за европскиот „Оскар“. Филмот е приказна за Хулиета, средовечна жена што живее во Мадрид со момчето Лоренцо со кое планира да се сели во Португалија. Случајна средба со поранешната најдобра пријателка на нејзината ќерка Антија со која нема контакт и го менува животот. Скршена по 12-те години отсуство на нејзината ќерка, Хулиета го откажува патувањето и се сели во нејзината стара зграда, во надеж дека Антија еден ден ќе ѝ прати писмо. Сама со своите мисли, Хулиета почнува да пишува мемоари за да се соочи со настаните што се случиле кога била тинејџерка.
Филмот ја доби наградата за најдобар филм на Канскиот фестивар, како и наградата за најдобар интернационален филм на Филмскиот фестивалл во Сан Диего.
Во 22 часот во „Милениум“ е филмот „Аргентина“. Повторно истражувајќи ја длабоката магија на популарната музика, Карлос Саура понира во аргентинскиот фолклор за да ни понуди фасцинантен поглед на минатото, сегашноста и иднината на жанрот. Средбите на Саура со некои од најдобрите изведувачи и групи од Аргентина, како и богатиот репертоар на жанрот, ни дозволуваат да ја погледнеме оваа уметност од еден посебен агол, создавајќи културно-историски документ за идните времиња, засилен со сценски магнетизам и оригиналност.
Во кино „Фросина“ во Младиснкиот културен цетар (МКЦ) вечерва на програмата е „Сите градови на северот“ (19 часот), а потоа е „Жив песок“ (21 часот) на режисерот Ренарс Вимба, кој ја освои наградата Кристална мечка на Берлинскиот филмски фестивал.
Во џебното кино во МКЦ ќе има прикажување на студентски филмови, а од 20 часот е „Лимоново дрво“. Преку сведоштва на повеќе славни личности од српската рок-сцена, уметност и новинарство, овој музички документарец на Бранко Радаковиќ открива зошто Лимоново дрво и сè уште е еден од најзначајните бендови во белградската музичка историја. Филмот раскажува две приказни – една за почетоците на музичката кариера на Милан Младеновиќ, една од најголемите рок-икони во екс-ју музиката и втората е за основањето на Лимоново дрво, бенд на Милан Младеновиќ, Милан Стефановиќ и Драгомир Михајловиќ, во 1977 година.