Системот „Земи бројче“ дополнително ќе воспостави ред за издавање на лични документи

Сподели

 

Денеска во Отсекот за управни работи Куманово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски го промовираа системот „Земи бројче“.

Системот „Земи бројче“ кој во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација од денес целосно е ставен во функција има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи.

„Со оваа мерка ќе се стави крај на гужвите, времето на чекање на граѓаните значително ќе се намали и истите ќе можат во едни нормални услови да дојдат до својот личен документ“, потенцираше министерот Тошковски.