Шпанскиот репрезентативец Нолито и официјално е новото засилување за англискиот премиерлигаш Манчестер сити.
Тој потпиша четиригодишен договор и повторно ќе работи со Пеп Гвардиола, кој своевремено му беше тренер и во Б-тимот на Барселона.
,,Ова е голем предизвик за мене и се радувам што доаѓам во Манчестер сити и во Премиер-лигата.
,,Повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола и верувам дека под негово раководство ќе станам уште подобар фудналер, а со Манчестер сити ќе освојувам трофеи – истакна Нолито.
Гвардиола, добро ги познава квалитетите на Нолито уште од периодот 2008-2011 кога тој настапуваше за Б тимот на Барселона.
Во наведениот период Нолито одигра само 5 натпревари за првиот тим на Барселона, поради што во 2011 се пресели во Бенфика, по две години во Португалија тој се врати во Примера, во тимот на Гранада, а изминатите три сезони играше во Селта Виго каде постигна 39 гола во 103 настапи во дресот на овој клуб.
Тој е второто засилување за Сити во летниот преоден рок, откако претходно во тимот пристигна Гундоган од Борусија Дортмунд.
The post Сити доби уште еден ,,граѓанин,, Нолито 4 години на Етихад! appeared first on Спорти.
Source: Sporty