СЈО: Формирањето на специјални одделенија е целисходно

Сподели

timthumb

Евентуалното формирање на специјални одделенија е целисходно, велат за „Мета“ од Специјалното јавно обвинителство, во врска со иницијативите за формирање на специјални одделенија во судот и МВР, за случаите на СЈО.

Оттаму велат дека нема да даваат натамошни коментари по овие прашања бидејќи, како што велат, нивната работа е да спроведуваат независни истраги.

„Сметаме дека евентуалното формирање на специјални одделенија е целисходно, меѓутоа нашата работа е да спроведуваме независни истраги и поради тоа не би се впуштале во натамошни коментари“, се вели во одговорот на СЈО на нашите прашања, кој е нивниот став во врска со најавите за формирање на специјално полициско одделение кои би помагало во предметите што ги води СЈО, како и формирање на специјално одделение во судот за процесуирање нивните случаи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска изјави дека предлозите за формирање на вакви одделенија се неприфатливи.

– За нас тоа не е прифатливо – кратко одговори Груевски, кој денеска беше во посета на општината Долнени, Прилепско.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, вчера изјави дека формирање на специјално полициско одделени би било нелогично решение, бидејќи според него, актуелниот Закон за кривична постапка (ЗКП) овозможува кое било обвинителство да побара и да му бидат ставени на располагање онолку лица од МВР колку што му се потребни.

meta.mk