СЈО и за Мијалков предложи куќен притвор

Сподели

Специјалното јавно обвинителство предложи куќен, наместо затворски притвор и за Сашо Мијалков осомничен во случајот „Империја“. Сега Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 треба да донесе конечна одлука дали Мијалков ќе излезе од Шутка.

Причината за ваквото мислење е што од обвинителството сметаат дека веќе се собрани доволно материјални докази во случајот, а и со куќниот притвор осомничениот не би можел да влијае на сведоци.