Скопје: Највисока излезност во Центар, најниска во Сарај до 13 часот

Сподели

Најголема излезност во Скопје до 13 часот, според податоците на ДИК, има во општина Центар каде гласале 27,27%.

На втората позиција по излезност е Аеродром со 26,16%, а веднаш зад неа е и општина Кисела Вода каде гласале 25,92% од избирачите.

Поголема излезност од забележаната на ниво на цела држава или над 20% има и во општините Ѓорче Петров со 24,5%, потоа Гази Баба со 22,84% и Бутел со 21,75%.

Под границата се наоѓаат Чучер Сандево со излезност од 16,59%, по неа следи Шуто Оризари со 12,69% и Чаир со 11,9%, а на последното место е Сарај, која е единствената општина каде гласале помалку од 10% од запишаните избирачи или само 9,07%.