СКОПЈЕ СЕ ГУШИ ВО МАГЛА И АЕРОЗАГАДЕНОСТ

Сподели

Воздухот во Скопје веќе во континуитет е со екстремна загаденост. Мерните станици 24 часа покажуваат енормно високи концентрации на ПМ10  честички во главниот град.

Мерните станици во Скопје утрово регистрираат енормна загаденост која на скалата на Министерството за животна средина се означува со црвен круг – највисок степен на загадување. Најголема загаденост од 383 ПМ 10 честички на кубен метар во населбата Карпош, 316 во Центар, 291 во населбата Лисиче, 261 во Гази Баба и дури 395 ПМ 10 честички на кубен метар во реонот Ректорат.

Воздухот во Скопје и вчера во текот на ноќта бил загаден 10 пати повеќе од дозволеното ниво, до 50 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички.

Во Општина Карпош, биле измерени 427 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, во Лисиче 484 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, во Центар 426 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, кај Ректорат 569 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички.

Граѓаните, на социјалните мрежи, повторно апелираа до надлежните институции и до властите да преземат конкретни мерки за да се реши проблемот со загадениот воздух, бидејќи чувствуваат последици по нивното здравје.