Во рамки на 43-тото издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 ќе се одржи концерт на КИЦ ПОП ХОР, Црна Гора, во Сули ан, со почеток од 20.30 часот, по повод Денот на државноста на Црна Гора.
Првиот црногорски поп хор започна со работа на 1 март 2017 година и веќе пет години успешно го води менаџерскиот тим Снежана Бурзан Вуксановиќ и Сања Радусиновиќ, под покровителство на НВУ Кутак и со логистичка поддршка на ЈУ КИЦ „Будо. Томовиќ“, Хорот има околу 6о вистински љубители на музиката, пеењето и дружењето, од разните професии и генерации од цела Црна Гора. Диригент на КИЦ поп-хорот е проф. Зоја Ѓуровиќ, магистер по дирижиање.
Во текот на петте години од своето постоење, популарниот КИЦ поп хор организираше повеќе од 60 концерти низ Црна Гора, како и неколку во регионот во: Белград, Сараево, Пријепоље, Пула. Покрај поп-репертоарот, хорот е познат и по проектот „Без дилема – антифашизам“, односно репертоарот на партизански и антифашистички песни, за што го доби престижната Повелба за заслуги во развојот и промоцијата на анти- фашизам од СУБНОР и антифашистите на Црна Гора.
КИЦ поп-хорот има снимено неколку спотови – Билеќанка (2018), Несаломива (2019), Тече Тара (2019). Ниту „ерата на короната“ не ги спречи хористите да работат, па кон средината на 2020 година снимија спотови за песните „За милион години“, „Химна на Црна Гора“ и „Заедно со Маршалот Тито“. Имаат свој јутуб канал и ФБ страница.
Хорот со песна ги отвори хорските фестивали во Херцег Нови и Бар, пееше во чест на годишнината на Ротари клубот – Подгорица, на Европското првенство во џудо во Подгорица, на доделувањето на наградите за филантропија „Искра“ во Цетиње, на Божиќниот базар во Подгоричката Делта, на музичкиот фестивал CITY groove, на Светскиот конгрес на Евреите во Будва, во Порто Монтенегро, на Меѓународниот фестивал на куклена уметност во Подгорица. Хорот беше коорганизатор на првиот МНЕ ПОП ФЕСТ во декември 2018 година, кога настапи со 30 црногорски пејачи. КИЦ поп-хорот на со колаж од песни го отвори натпреварот Монтевизија во Големото студио на РТЦГ 2019 година, а учествуваше и на церемонијата на Олимпијадата на малите европски земји во Будва. По завршувањето на „ерата на короната“,КИЦ поп-хорот одржа серија концерти во Колашин, Сутоморе, Даниловград, Рисан, Тузим и Подгорица. Ова е нивен прв настап во Македонија.