На „Скопско лето“ вечер ќе биде прикажана ревија на филмови наградени на 6. Меѓународен фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје фест 2016“.
Наградата „Златна тула“ на фестивалот минатата година ја освои јапонскиот краток филм „Парада на Сатие“ на авторот Коџи Јамамура. Холандскиот автор Дигна ван дер Пут ја доби втората награда (Сребрена тула) за филмот „Парада“, а „Бронзена тула“ доби холандскиот филм „Бинго!“ на Патрик Шоенмакер.
За најдобар филм за деца беше награден „Ѕвездено такси“ од Словачка на авторот Јурај Крумполец, избран со гласови од детската публика.
Покрај нив, на ревијата вечер ќе бидат прикажани и канадскиот „Кожа“ на Николас Брулт и македонскиот анимиран филм „Акт“ на Ацо Станковски.
Ревијата ќе почне во 21 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.