„Морам да кажам дека поголем дел од јавноста, па и медиумите беа скептични дека ќе се случи набавката на Трикафта, еве најавувам следната недела пристигнува Трикафта”, изјави денеска министерот за здравство, Меџити.
“Лекот ќе биде доделен на пациентите, на тие 12 пациенти веќе што ги имавме кога дојдов како министер за здравство, за нив ќе има уште за два месеци и ќе го продолжиме, тоа подразбира до април месец ќе ја има сигурно терапијата, а за другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на детска клиника. Ова што го зборувавме на времето е реалност и така ќе постапуваме.
Догодина, и 2024 и 2025 година знаете со информација до влада дека поминаа 854 милиони денари, имаме покриено системски не само овој проблем, сите проблматични импликации што ќе се појавуваат во здравството“, рече Меџити.
Во однос на прашањето зошто е поскапен лекот Трикафта за 250 илјади денари по пациент, министерот истакна дека информациите не се вистинити и дека како Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и јавните набавки се дало согласност до Клиниката за детски болести да ја изврши целокупната набавка за да се добие на време, да биде од итност и побрзо.