Словенечки медиуми: Сомнително финансирање на медиуми кои работат против интересите на државата

Сподели

 

“Праксата на корумпирање на медиумите беше одлика на 11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски.

Но, таа одлика и како опозиција ја продолжува сега извршителот Мицкоски во спрега со неговиот шеф од Будимпешта.

Последното новинарско истражување на словенечки медиум, откри дека сума од два и пол милиони евра од Унгарија завршиле во медиуми познати по ширењето на лажни вести и конструкции.

Тоа се истите медиуми кои шефот на Мицкоски, Груевски со години ги финансираше со државни пари. Со црни пари Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ финансираат медиуми коишто се контра успехот на државата и против интересите на граѓаните.

Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат да го штитат криминалот на Никола Груевски, азилантот кој се крие од правдата во Будимпешта, центарот од кадешто излегуваат црните пари за самопрогласените опозициски медиуми, односно ширачи на лаги и дезинформации.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува црна медиумска кампања против државата, со цел да се врати на власт и да го амнестира Никола Груевски и сите други партиски криминалци.

Сега е јасно како Центарот за лаги и манипулации на опозицијата, продуцира толку лажни случаи против Владата, ги пласира во медиумите под нивна контрола, а потоа ги прераскажува од белиот дворец.Ним очигледно им помагаат надворешни анти- државни фактори, коишто со корумпирање на медиумите, ја загрозуваат демократијата и европската иднина на државата.

СДСМ е посветена на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борба против лажните вести и измислици и сомнителното финансирање медиуми.

Затоа, бараме надлежните институции по допрен глас да постапат по објавените информации и да го испитаат начинот на финансирање на одредени медиуми.

Република Северна Македонија е правна држава во којашто законите важат за сите подеднакво”- изјави Богданка Кузеска,портпаролка на СДСМ.