Митко Чавков е осуден на 18 години затвор поради терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во случајот „27 април“ објави судијката Добрила Кацарска.
Ова е првостепена пресуда на која одбраната има право на жалба. Пресудата ќе стане правосилна, откако за неа ќе се произнесе и Апелацискиот суд.
Јане Ченто е осуден на 15 години затвор, Игор Дурловски доби ослободителна пресуда во рамки на судењето за „крвавиот 27 април“, откако обвинителството не нашло доволно докази и материјал за да го осуди за терористичко здружување.
Дурловски беше единствениот обвинет кој доби ослободителна пресуда во рамки на случајот за упадот во Собранието на 27 април, 2017 година. Останатите обвинети добија високи затворски казни помеѓу 8 и 18 години.