Случај “МОНСТРУМ”: ДНК на Демири пронајдена во возилото кај Смилковско езеро

Сподели

Еден од четирите ДНК примероци откриени во внатрешноста на “Опел омегата” пронајдена по петкратното убиство кај Смилковското езеро, му припаѓа на обвинетиот  Алил Демири, кој е во бегство во Косово.

Претставници на лабараторијата на МВР и по шест години го уверуваа судот, обвиентите и СЈО, дека засега само ДНК-та на првообвиентиот бегалец во Косово Алил Демири се поклопува со неговата пот на наслонот од задното седиште на „Омегата“. Вештакот и сведок Роберт Јаневски посочи дека споредиле и ниту еден од четворицата обвинети присутни во салата, не оставиле нивни траги во тоа возило.

И обвинителката Фатиме Фетаи го побара Алил Демири, а судот и одговори дека косовското Министерство за правда се уште не испратило одговор до македонските власти за барањето за екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Тамошните власти првично го одбија барањето за екстрадиција, тврдејќи дека не биле доставени доволно докази што укажуваат на нивна вмешаност во случајот. Нивните роднини овде, велат дека тие живеат на Косово и редовно комуницираат со нив.