Сместувањето и исхраната во студентските домови ќе биде по стара цена

Сподели

 

Државниот Студентски Дом „Скопје“ – Скопје, на седницата на Управен Одбор одржана на ден 18.09.2023 година, а по претходна координација со Министерството за Образование и Наука и министерот Јетон Шаќири, донел одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години.

“Ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата, информираат од МОН.” Доколку се утврди постапување спротивно на важечките акти, Министерството најавува дека ќе побара одговорност од директорите кои го направиле прекршувањето.

МОН потсетува дека согласно со Законот за студентски стандард, цената за сместување во државни студентски домови се утврдува со Програма за остварување и развој во дејноста на студентскиот стандард, која ја усвојува Владата.

Притоа, стои во соопштението, МОН покрива 50 проценти од вкупниот износ на цената, која за 2023 година изнесува 6820 денари. Оттаму, на студентите кои плаќаат партиципација, трошокот им изнесува 3410 денари месечно. Додека за најмногу 40 проценти од студентите, МОН го покрива целиот износ, доколку се работи за студенти со посебни потреби, деца без родители и родителска грижа, деца од семејства корисници на социјална парична помош итн.