Поради снежната бура, попратена со снежни удари на ветер, околу 13.000 туристи се заглавени во Зермат, популарниот скијачки центар во Швајцарија.
Во соопштението објавено на сајтот на скијачкиот центар, предупредуваат на можен недостаток на електрична енергија во целиот град.
Полицијата вчера наутро ги затвори патиштата кои водат до таа област, а во вечерните саати беа откажани и возовите.
Скијањето и планинарењето е забрането во таа област која се наоѓа на 120 километри од Женева.
Портпаролката на Зермат, Жанин Имеш, изјавила дека моментално во таа област има околу 13.000 туристи. Засега ситуацијата е под контрола.