Со концерт на „Форплеј“ почнува Охридско лето

Сподели

Со концерт на модерниот џез квартет „Форплеј“ и оркестарот на македонската филхармонија под диригентската палка на Емин Џијан вечерва ќе почне 57 – то издание на фестивалот Охридско лето.

Музичкиот селектор Цуцковски рече дека огромна чест е да се најави светски познатиот џез-квартет кој повеќе од две децении ужива уметнички и комерцијален успех на светската сцена. Имаат издадено дузина албуми кои се нашле на врвот Билбордовата листа на современи џез-албуми.

Во текот на претстојните 40 фестивалски денови ќе се одржат рекордни 57 настани, а Охрид годинава ќе биде домаќин на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји.

Покрај џез спектаклот за отворањето на фестивалот на музичкиот дел од програмата се воведуваат и џез вечери, а во драмскиот дел од програмата пак ќе бидат прикажани претстави на домашни и меѓународни театри.