На Петровден, по традиција, ќе се подигне завесата на најголемата музичко-сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“.
Со музичко-визуелниот спектакл, во кој се вклучени Македонската филхармонија, пијанистката Клер Хуангчи и диригентот Едвин Оутвотер од САД, ќе биде отворено 65-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.
