За време на полискиот час, службите за социјална работа евидентирале зголемен број јавувања на жртвите на семејно насилство за психо-социјална поддршка, особено во вечерните часови. Како се справува системот и невладиниот сектор со овој проблем во ек на КОВИД 19, во #РесПублика разговараме со Наташа Станојевиќ, директорка на Центарот за социјални работи на Град Скопје и Елена Димушевска, директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.