Со почесна артилериска стрелба, ќе се одбележи Денот на АРМ

Сподели

vojnici-arm

По повод Денот на Армијата на Република Македонија, вечерва во 19.30 часот ќе се реализира почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ.

Во текот на денот делегации на МО и ГШ на АРМ ќе положат венци со свежо цвеќе на гробиштата Бутел, Скопје. Почнувајќи од 09 часот на партизанските гробишта, 09.10 на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, 09.25 на гробот починатиот претседател Киро Глигоров, 09.35 гробот на генерал Михајло Апостолски, 10.30 пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година на платото пред главниот влез на МО и ГШ на АРМ.