За денеска во Собранието е закажана 42. седница на Владата, на која на дневен ред е барањето за интерпелација на Владата, поднесено од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во барањето за интерпелација наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт.
Во документот во кој се потпишаа 41 пратеник, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека единствени проекти кои што ги спровела владата, се партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, како и луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам.
„Оваа Влада наместо да се зафати со решавање на реалните проблеми и потреби на граѓаните на Република Македонија како што ветуваа во предизборието, тие работат исклучиво за остварување на партиските потреби и интереси“, се истакнува во барањто на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација на Владата.
Со интерпелацијата опозициската партија и официјално се враќа во Собранието, на пленарните седници.