Собранието ја констатира оставката на премиерот Заев

Сподели

 

Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, поднесена по договорот на политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12. април.

Премиерот Заев во документот доставен до Парламентот наведе дека ја поднесува по договорот на лидерите на партиите за избори на 12 април.

Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери претпладнево соопшти дека оставката на Заев ја доставил до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му го врачи мандатот на Спасовски.

Претседателот Пендаровски, денеска во 13.45 часот, ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, соопштија од кабинетот на шефот на државата.

Талат Џафери, до Собранието треба да достави состав на новата техничка Влада и програма за работа.