Во Собранието на Македонија продолжува седница на која пратениците расправаат за предлог ребалансот на државната каса.
Според предвиденото, расправата за буџетот на пленарна седница трае пет дена.
Со Предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2017 се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници.