Сочувство до најблиските на починатите

Сподели

Тагата и болката на родителите, браќата и сестрите, роднините и другарите на настраданите во пожарот во Кочани е најголема.

Да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб.

Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ ОА на гробиштата во Кочани како и свештениците во другите градови и села, непречено да ја одржат погребната церемонија.

Искрено сочувство до најблиските на починатите. Чеда, патувајте во царските небеса!