Солза Грчева: Нека знае целиот свет, Македонија име не менува

Сподели

Вчера од Охрид претседателката на Партијата “Глас за Македонија“, Солза Грчева каде имаше свое обраќање, во кое испрати порака:
,,Од сесловенското духовно светилиште Охрид, од каде што македонските световни и црковни дејци со векови наназад кон светот испраќале благородни и универзални пораки испраќам порака кон целиот свет.“
-“Нека знае целиот свет, дека Македонија ИМЕ НЕ МЕНУВА!!! Име можете да им давате само на вашите деца и тука вашата улога и одговорност престануваат! А за името на Македонија – одговорен е само Македонскиот Народ! А, народот не го прашувате, немате консензус со него, туку самоволно и неодговорно учествувате во  обезименување, обезличување и уништување на Македонската нација и држава! А тоа Македонскиот Народ нема да ви го дозволи!“ – громогласно објави Грчева.