Во рамките на „Младото театарско лето“ на фестивалот „Охридско лето”, вечерва, во предворјето на црквата „Св. Софија“, Народниот театар од Битола ќе ја одигра театарската претстава „Сонети“ од Вилијам Шекспир во режија на Ангелчо Илиевски и Јован Ристовски.
– Да се работи текст на Вилијам Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство, но кога станува збор за неговите Сонети, тоа е нешто многу повеќе. Тоа е исто како да истражуваш космос, да создаваш космос – вели режисерот Илиевски.
Улогите ги толкуваат: Петар Мирчевски, Филип Мирчевски, Габриела Петрушевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Огнен Дранговски и Иван Јерчиќ.