Забрането обраќањето на Ердоган на митинг во Келн

Сподели

Со одлука на Уставниот суд на Германија забранет е говорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на „Демократскиот митинг против државниот удар”, кој ќе се одржи денеска во Келн

thumbs_b_c_31f0b61610655a987df1363e7455ebe1

КЕЛН (АА) – Со одлука на Уставниот суд на Германија забранет е говорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Демократскиот митинг против државниот удар, кој ќе се одржи денеска во Келн, јавуваAnadolu Agency  (AA).

Организаторот на собирот е Платформата за демократија против државниот удар.

Претседателот на Република Турција на присутните на митингот, кој ќе се одржи денес во 15 часот во Келн, требаше да се обрати преку видео линк. Тоа не е дозволено, поради „загриженоста на полицијата во Келн за безбедноста на граѓаните”. Претставници на Платформата се обратиле до локалниот суд, а кога им било одбиено барањето, се обратиле и до Вишиот суд.

Вишиот суд донесе одлука во корист на полицијата, поради што во текот на денот предметот е испратен до Уставниот суд.

И Уставниот суд смета дека полицијата е во право и ја потврди претходно донесената одлука.

Претседателот на Унијата на европско-турските демократи (UETD) Зафер Сиракаја, смета дека од правна гледна точка, оваа одлука нема никаква втемеленост.

„ Јасно е дека останува збор за политичка одлука”, истакна Сиракаја.

Тој додаде дека ќе се почитува одлуката на судот, иако не се согласуваат со неа.

„Сакаме да истакнеме дека на платформата не смее да делува надвор од законската рамка”, нагласи Сиракаја.