Лидерите на одбранбените и разузнавачките служби се собраа во Елисејската палата, службената резиденција на францускиот претседател, на разговори за тргичниот напад
ПАРИЗ (АА) – Француските шефови за безбедност се состанаа во Париз, додека денес во приморскиот град Ница отворен за сообраќај е булеварот за во кој во четврок вечерта беше место на страотниот напад со камион во кој, за време на прославата на Денот на Независноста, настрадаа најмалку 84 лица, а повредени беа над 200, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерите на одбранбените и разузнавачките служби се собраа во Елисејската палата, службената резиденција на францускиот претседател, на разговори за тргичниот напад, насочен кон Франција во последните 18 месеци.
Во меѓувреме на местото на масакрот, на познатата променада “Des Anglais” во Ница, животот утринава полека се враќа во нормален тек. На едниот крај од булеварот поставени се букети, свеќи и пораки во знак на сеќавање на жртвите.
Денес во Франција започна тридневна жалост.