Вести Свет

Со успешна акција ослободен е Хулуси Акар, началникот на Генералштабот на Турција

Сподели:

Единиците на специјалната полиција во Анкара ја зазедоа жандармеријата на Врховната команда и притоа ги онеспособија војниците лојални на терористичката организација ФЕТО

thumbs_b_c_36050b80d2c8b0939d5b073a251f9f27

АНКАРА (АА) – Турската војска изврши акција на Воената команда на воздухопловната база Акинчи, и притоа го ослободи началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, армискиот генерал Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).

Припадниците на терористичката организација ФЕТО за време на државниот удар го зедоа Акар како заложник и неговата судбина беше непозната.

Акар е ослободен во акцијата на Воената команда на воздухопловната база Акинчи, која се наоѓа 35 километри северозападно од Анкара.

По ослободувањето од рацете на пучистите лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, Акар е одведен на безбедна локација.

Единиците на специјалната полиција во Анкара ја зазедоа жандармеријата на Врховната команда и притоа ги онеспособија војниците лојални на терористичката организација ФЕТО

Сподели: