Состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања од Преспанскиот договор

Сподели

 

Четвртиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, формиран согласно членот 8 став 5 од Конечната спогодба, потпишан меѓу Република Северна Македонија и Грција на 17 јуни 2018 година во Преспа, беше одржан во Охрид на 17. и 18 мај 2019 година.

Делегациите на двете страни во конструктивна и колегијална атмосфера извршија детална и сеопфатна ревизијата на наставните планови (курикулумите) по историја, учебниците и помошните наставни материјали (учебни помагала) по историја кои се во употреба во двете земји. Гореспоменатиот материјал треба во најкус можен рок да биде ослободен од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци.

Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови (курикулуми) и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот.

Се постигна согласност за временската рамка за примената на наодите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања и доставување на релевантните препораки до Советот за висока соработка.